Објавено на:

Бурна ноќ во Белград: Се апсат елитни старлети кои наплаќале по 5000 евра од ноќ

t

Српската полиција вечерва разбила синџир на елитна проституција и уапсила дваесетина лица, меѓу кои макроата Душко Бањац и фитнес инструкторот Никола Анѓелиќ, а меѓу осомничените се и старлетите Сања Станковиќ и Наташа Шавија.

Девојките наводно биле подведувани од Бањац и Анѓелиќ, а на списокот се и Плејбој зајачицата Мартина Рајиќ и други девојки.

Против сите девојки на списокот, како и против организаторите се поднесени кривични пријави, по некои се уште се трага, дел се уапсени, а дел се во бегство.

– Во голема полициска акција им се одземени лаптопите, УСБ-уредите каде се чуваат сите податоци, како и цените на услугите што ги даваат девојките кои работат за Душко и Никола. На компјутерот се пронајдени белешки со датуми кога девојките се сретнале со клиенти, забави на кои договориле работа, каталози и хотели каде што престојувале. Преку Јелена Јојиќ Мадам организираат девојки, прават групњаци и оргии за политичари, бизнисмени и спортисти, но понекогаш и за луѓе кои не се дел од јавниот свет, а се подготвени да платат. Цените се движеле од 1.000 до 5.000 евра за ноќ. Шавија и Станковиќ се проституирале со бизнисмен со кој биле на неколку тајни локации во центарот на Белград, а Мартина Рајиќ е фатена на дело. Покрај Бањац, Анѓелиќ и Јелена Јојиќ Мадам, упсена е и Мартина, која нема да биде донесена на распит во обвинителството бидејќи е донесена во Прекршочниот суд поради проституција, наведува изворот на Репортер.

Макроата Душко и Никола наводно подолго време живеат заедно во љубовна заедница.

-Анѓелиќ е познат фитнес инструктор, додека Бањац е познат во естрадните кругови, со оглед на тоа што извесен период работеше како менаџер. Тие двајца веќе подолго време живеат во љубовна заедница, а инаку приватно се блиски со старлети кои сега се осомничени за проституција и кои се уапсени, па со заедничка согласност е договорена работа. Се случувало да се договараат работи додека сите биле излезени на сплавови, па на девојките само со повици им се давале адреси каде и кога да се сретнат со клиенти, вели изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…