Објавено на:

Бурна расправа во ОН за БиХ: Американците застанаа со Шмит, Русите со Додик

t

Советот за безбедност на Обединетите нации повика на почитување на Дејтонскиот договор и зачувување на стабилноста на Босна и Херцеговина, при што Соединетите Американски Држави и другите западни земји му дадоа јасна поддршка на високиот претставник, Германецот Кристијан Шмит, додека рускиот амбасадор ја застапуваше политиката на Република Српска.

Вонредната расправа беше свикана на барање на Русија за на српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ да ѝ се овозможи пред тоа тело да ги изнесе ставовите на политичарите од Република Српска кои се обидуваат да го спречат усвојувањето на нацрт резолуцијата за Сребреница на Генералното собрание на ОН.

Цвијановиќ, која се обрати преку видеолинк, од Советот за безбедност побара да се осудат кршењата на Дејтонскиот договор и обидите од БиХ да се направи централизирана држава. „РС не го крши меѓународното право и уставот, заговара почитување на Дејтонскиот договор кој најголем дел од овластувањата им ги дава на ентитетите“, кажа Цвијановиќ, додавајќи дека надворешните интервенции ја држат БиХ под протекторат и оневозможуваат помирување меѓу народите.

Истакна дека БиХ може да функционира само без прегласување на конститутивните народи, оцени дека за сите проблеми во земјата се виновни Бошњаците кои се обидуваат да направат унитарна држава, во што им помагале сите досегашни високи претставници. Ги обвини бошњачките функционери дека се закануваат со војна и предизвикуваат конфликти, БиХ ја опиша како „засолниште за џихадисти“, а Кристијан Шмит како „колонијален претставник“ кој со своето дејствување го попречува напредокот на земјата.

Американскиот амбасадор Роберт Вуд предупреди на опасност од етнонационализам во БиХ и му изрази поддршка на Шмит како висок претставник. Го прозва лидерот на босанските Срби Милорад Додик за негирање на геноцид во Сребреница, оценувајќи дека редовно се заканува со отцепување.

„Факт е дека геноцид е извршен во Сребреница и тоа е утврдено со пресудите на меѓународните судови“, истакна Вуд.

Рускиот претставник Василиј Небензја истакна дека Дејтонскиот договор грубо се крши па затоа БиХ нема статус на независна и суверена држава. Вината за тоа ја префрли на Западот и високиот претставник Шмит, кого го нарече „самопрогласен босански автократ“.

Небензја заклучи дека поради Шмит, но и резолуцијата за Сребреница, состојбата во БиХ може да излезе од контрола, што потоа може да се прелее преку нејзините граници и да го дестабилизира целиот Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на…

Грчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело…

Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

(Видео) Фицо уште во април зборуваше за…

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан…