Бурно во црногорскиот парламент: Опозицијата ја блокира седницата за буџет
Вонредната седница на Парламентот на Црна Гора, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и Предлог-законот за буџетот за оваа година, не почна бидејќи опозицијата го блокираше парламентот.
Опозицијата порача дека нема да се откаже од блокадата, бидејќи е извршен уставен удар, а претседателот на Собранието Андрија Мандиќ рече дека опозицијата врши опструкција.
Мандиќ упати предупредување до пратениците од опозицијата и посочи дека денешната работа на парламентот е завршена и тие навремено ќе бидат известени за продолжението.
Мандиќ рече дека граѓаните се сведоци во какви услови работи парламентот.
Слободата значи да се ограничиш и да не ги загрозуваш правата на другите, рече Мандиќ и посочи дека малцинството не може да ги запре демократските процеси.
Опозицијата, пак, порача дека „мнозинството не може да ја урне државата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ќе го победиме и Хамнеи“ – Опозицијата…
Опозициските лидери ја даваат својата поддршка на…
Грчките фармери денес на протест пред Парламентот
Фермери од цела Грција ќе се соберат…
(Видео) Тепачка во албанскиот парламент
На денешната пленарна седница на Албанското собрание,…
Парламентот на Република Српска ја назначи Ана…
Парламентот на Република Српска за привремен претседател…
Седницата на комисијата за надзор над работата…
Ве известуваме дека Комисијата за надзор над…