Бускетс: Суперкупот може да биде стимул за понатамошни победи на Барселона
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ги сподели своите очекувања од финалето на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.
-Мислам дека овој натпревар ќе биде многу поразличен од полуфиналето. Познавајќи го Реал Мадрид, мора да бидеме подготвени за фактот дека нема да тргнат во офанзива рано. Ќе треба да бидеме упорни. Фокусирани сме на финалето. Би било одлично да го победиме Реал Мадрид, но мора да размислуваме за себе. Имаше големи промени во клубот – нов тренер, нови играчи… Сакаме да го земеме трофејот за да стекнеме искуство и потоа да продолжиме да победуваме. Суперкупот може да биде уште еден поттик за понатамошни победи, Барселона го заслужува тоа, го цитира „Марка“ Бускетс.
Шпанскиот Суперкуп се игра во Саудиска Арабија. Финалето помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра вече род 20 часот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ „заработи“ кривична пријава за продажбата на…
До Јавното обвинителство за организиран криминал на…
Новиот состав на српското Собрание денеска на…
Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…
Денес се празнува Преподобен Јоаникиј Велики
Ова големо духовно светило се роди во…
Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне…
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…