Бујар Османи го одржа главниот митинг за Чаир – вети општина со европски изглед
Во присуство на голем број граѓани блиску до стадионот во Чаир Бујар Османи го одржа централниот митинг на неговата кампања за градоначалник на општината. Во првиот ред беше целото раководство на ДУИ и партнерите од Националната алијанса за интеграција.
Османи рече дека верува оти „постои чесност и дека со чесност можеме да изградиме Чаир со европски изглед, но со топла душа што ќе им служи на луѓето, што ќе им излезе во пресрет на нивните потреби, што ќе им го врати Чаир назад од рацете на една клика што го користеше како инструмент само за неколкумина“.
Тој нагласи дека граѓаните од него очекуваат дела, ане големи зборови и дека „ секое дело се темели на план, на визија, на верба“. Негова најголема политичка и професионална вредност бил чесноста и врз неа ќе се изгради новиот, достоинствен Чаир.
„Ќе продолжам да верувам, дури и ако сум сам во тоа, сè додека таа верба не стане заедничка и не се претвори во колективно движење за подобар Чаир: европски, достоинствен, чесен и уреден“, нагласи Османи.
Тој зборуваше и за евроинтеграциите и посетата на претседателката на Европската комисија на Скопје, Урсула фон дер Лајен.
„Денес во нашата земја е претседателката на Европската комисија, која излезе со многу јасна порака за нашата држава. Еден важен пријател од Брисел денес ме извести, и со одговорност го кажувам ова пред вас, ми рече: прашај го Али Ахмети и лидерите на НАИ дали можат да се обврзат пред Брисел дека веднаш по октомври, кога ќе се формира новата влада, ќе се обврзат за уставните измени“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сојуз на борци од Тетово: Не смее…
Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашстичка…
Две пријави за полово вознемирување на малолетнички…
Две одделни пријави поврзани со малолетнички и…
Туск: Русија подготвува ескалација во Украина и…
Полскиот премиер Доналд Туск денес во Олстин…
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…