Бујар Османи отвара општинска народна кујна во Топана во соработка со хуманитарните организации
Со силна порака на солидарност и грижа за најранливите, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку своето редовно лајв обраќање на социјалните мрежи, ја најави иницијативата за отворање на општинска народна кујна во Топана, во партнерство со хуманитарни и невладини организации, финансирана од Општина Чаир, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.
Османи порача дека вистинското лидерство се мери со тоа колку се грижиме за оние што имаат најмалку, потенцирајќи дека токму Топана, населба позната по своите тешки животни услови, ќе стане симбол на новата општинска политика на човечност и солидарност.
„Топана е една од најсиромашните населби во нашата општина. Луѓето таму живеат во навистина тешки услови. Затоа мора да почнеме од најосновното – храната. Ќе отвориме народна кујна за да им помогнеме на семејствата во потреба, а потоа ќе продолжиме со инфраструктурни проекти за кои веќе имаме конкретен план,“ изјави Османи.
Со оваа најава, Османи уште еднаш покажа дека неговата визија за Чаир не е само политичка програма, туку вистинска мисија за достоинствен живот на секој граѓанин.
Иницијативата за народната кујна е јасен сигнал дека време е за нова ера во Чаир – ера на хуманост, конкретни дела и блискост со народот.
Соопштение на ДУИ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…
Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…
Главниот одбор на Српската напредна партија започна…
Жена е повредена во Ѓорче – непознато…
Скопјанка на возраст од 67 години била…
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…