Буџетот на Град Скопје зголемен за 166 милиони денари
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања.
Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел подобрување на сообраќајната проточност на една од најоптоварените сообраќајни точки во градот.
Паралелно, Град Скопје ќе започне и со изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”. Проектот предвидува околу 500 нови паркинг места и инвестиција од околу три милиони евра, со што се очекува значително да се намали долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.
Од Градот посочуваат дека институцијата ќе биде задолжена за проектирање, изградба и управување со гаражите, со цел да се избегнат дополнителни поскапувања на паркингот за граѓаните.
Ребалансот предвидува и инвестиции во образованието, преку поставување топлотни пумпи во училиштата со што ќе се елиминира греењето на нафта, како и поставување фотоволтаици, санација на училишни дворови и нова урбана опрема.
Од Град Скопје нагласуваат дека со овие инвестиции се подобрува инфраструктурата, се унапредуваат условите во образованието и се создаваат подобри услови за живот за граѓаните на Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…