Буџетот на ЈП Комунална хигиена оштетен за 5 милиони евра: 400 луѓе биле вработени, а не оделе на работа, на 300 вработени имало 100 раководители, се kpaделе нафта и детергенти
Градот Скопје должи неверојатни 50 милиони евра истакна новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска само еден месец по превземање на функцијата од претходниот градоначалник Петре Шилегов.
Арсовска од Шилегов наследила празна градска каса и неверојатен долг го достигнал ова ниво за само 4 години владеење на СДСМ со Скопје.
„Градот е затекнат со големи задолжувања и во овој момент Градот Скопје речиси нема никаква шанса за дополнително кредитирање. Она што ме изненади е тоа што некои лица од минатото раководство на Градот се обидоа ова да го претстават како моја слабост, дека нема да можам да кредитирам, наместо да го претстави како самокритика за тоа што дозволиле во изминатите 4 години градот да се задолжи за 3 пати повеќе отколку во минатото. Наместо овие лица да дадат одговор како е дојдено до затекнатата состојба како резултат на нивното работење во изминативе 4 години, тие залудно обвинуваат како некој за помалку од 30 дена треба да ја расчисти оваа состојба. Во моментов наследениот долг на Град Скопје е над 50 милиони евра“- потенцираше Арсовска на брифинг со новинарите.
Инфомакс дознава дека претходното раководство на градот Скопје го оштетило буџетот само преку Јавното претрпијате Комунална хигиена за неверојатни 5 милиони евра.
Од извори во претпријатието дознаваме дека некаде околу 400 луѓе биле вработени во претпријатието, а воопшто не оделе на работа, а на околу 300 вработени биле поставени 100 раководители.
Со ЈП Комунална хигиена изминативе четири години раководеше Абдусамед Шабани кадар на ДУИ во чиј мандат се случил неверојатен криминал, а буџетот на Град Скопје бил оштетен за милиони евра.
Колку за информација некаде околу 24 вработени на ЈП Комунална Хигиена работат трета смена во општините Кисела Вода и Аеродром, само во општините Чаир и Бутел каде ДУИ има најголем број членови во градот има по 90 вработени кои работат ноќна смена.
Инфомакс дознава дека во претпријатието имало вработено 40 лица кои доаѓаат од една иста фамилија.
Покрај сериозните трошоци за плати кои ги имало претпријатието, дознаваме дека се краделе директно нафта и детергенти кои подоцна се преправале, а се правеле фалсификат сметки и документи за потрошените количини на средства.
За ваквиот криминал бил известен и градоначалникот Шилегов, но поради коалицијата со ДУИ од кого зависел и неговиот втор мандат за градоначалникот тој не сторил ништо за да го спречи општиот грабеж во претпријатието кој на крајот ќе ги чини скопјани неверојатни 5 милиони евра.
Се очекува против раководството на претпријатието и екс градоначалникот да започне кривична постапка за незаконско работење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…
Спасовски: Решени сме да расчистиме со криминални…
Се разговара со многу лица, се обезбедуваат…
Шведска ќе се бори против криминалните банди…
Шведска ќе користи модерна технологија, вклучувајќи беспилотни…
Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…
Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…
(Видео) БАНДА: Човек на Мицкоски обвинет во…
Лице обвинето во случајот "Делчевски ниви" упати…