(Видео) БАНДА: Човек на Мицкоски обвинет во случајот “Делчевски ниви” со закани кон Петровски и Инфомакс!

t

Лице обвинето во случајот “Делчевски ниви” упати закани кон Филип Петровски и редакцијата на Инфомакс, открива во денешната епизода на САЈБЕР КОМАНДА, Филип Петровски.

– Делчевските ниви беше голем скандал во кој беа вмешани ликови од првиот круг на Мицкоски, имињата на луѓето се повеќе од познати, случајот е повеќе од јавен и јасен, случајот е истражен, дел од луѓето беа во притвори но јас ќе потсетам за што се работи и зошто го правам ова.

Делчевските ниви се една извондредна досетка, мислма дека се рбаоти за организиран криминал, тој се санкционира со потешки казни во Кривичниот законик бидејќи се работи за група која се организирала, смислила и сторила криминал. Случајот е истражен, нели им ги запленија телефоните, без во притвори итн.

Во меѓувреме тој случај запре, постојат одредени кулоарски муабети, а во секој муабет има пола вистина, дека со случајот Делчевски ниви се тргува за да се направат уставните измени. Ова е сериозна работа од повеќе аспекти.

Веќе имаше недозволена промена на Уставот со осум пратеници на Мицкоски, беше тргувано, за да не одговараат беше донесен закон за амнестија и луѓето го променија името и никому ништо. Тие исти луѓе беа формално прогласени од ПР стратезите на Мицкоски за предавници, проклетници, целото членство ги стигматизираше и ги отфрли но се појави серија на разговори на интернет, кои се водени после промената на името, во кои разговори Мицкоски им вели на дел од тие пратеници дека мсета на нив.

Делчевските ниви најверојатно се користат како елемент, притисок за промена на Уставот, се плашам дека таа е таа трговија.

Има закана кон мене и Инфомакс затоа што се занимаваме со овој случај, заканата е од човек до Мицкоски за кој се сомневам дека е организатор на претходните два напади врз мене. Во една многу легитимна проверлива процедура е пратена до мене, во смимсла дека тој како човек од сенка на Мицкоски, некој кој треба да биде премиер во сенка, новиот Сашо Мијалков, човек кој ги работи валканите работи дека може да ми се повтори тоа што ми се случило и не може да ги контролира дел од учесниците во Делчевските ниви односно нивните семејства.

Вака да кажам, заканата ја примам прилично сериозно, знам дека се работи за луѓе кои се спремни на сила и преку криминал да дојдат до тоа што замислиле да го поседуваат. Господа, во офсајд се, не се доаѓа на таков начин на власт, вака работат криминални банди и мафија, банди кои работат во темница, работите кои ги прават да не бидат познати во општеството.

Јас изворно знам дека од тој што ми е пратена заканата не е ниту позитивен лик ниту дека може да донесе нешто позитивно во општеството, но дека е човек кој би ги корисел сите недозволени алатки да се сокрие вистината, да биде новиот Мијалков, да се пресмета со неистомислениците, во тоа сум убеден.

Заканата е примена, сигурен сум дека се рбаоти за истите нарачатели на претходните два напади, случајот ќе биде од редакцијата на Инфомакс пријавен во полиција и ќе биде пријавен во соодветните меѓународни институции.

Само да кажам дека со многу внимание чќе го следиме случајот Делчевски ниви и дали Делчевски ниви е елементот, кариката што недостасува за да се случи промената на Уставот. Дали патриотизмот кој му се продава на членството на ВМРО-ДПМНЕ е само за да се заштитат, да се сокријат работите кои се рбаотеле во позадина, во темница, што партијата и името на партијата е злоупотребено за одредени луѓе да купуваат куќи на Халкидики, пола Делчево е нивно, да с еправат големи вмровци, вели Петровски кој додава дека името на партијата се злоупотребува од ликови на кои тоа ништо не им значи.

Во случајот “Делчевски ниви” осомничени се двајца управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Игор Гиевски, кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, додека Мирослав Митровски е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски -Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево.

Според истрагата, парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен.

Финансиската полиција се сомнева дека управителите свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапоснки централи.

-Со тоа тие го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија да донесе Одлука за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со останатите четворица пријавени. Така управителите овозможиле на сметките на дел од пријавените од ЕВН да се исплатат вкупно 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува 2.146.723 денари, велат од Управа за финансиска полиција.

На осомничените најпрво им беше определена мерка притвор, додека на една осомничена ѝ беше одземена патната исправа и забрана да го напушта градот во кој живее. Подоцна мерката ефективен притвор беше заменета со мерка куќен притвор, за сега осомничените да шетаат на слобода, а како што гледаме и да упатуваат закани кон новинари кои се занимаваат со нивниот случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…