Вадефул до Мицкоски и Муцунски: Напредокот во односите со Бугарија е особено важен за натамошните успеси во пристапниот процес

t

Северна Македонија веќе постигна многу. Сега, напредокот во односите со Бугарија е особено важен за да може да се постигнат натамошните успеси во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Ова, во објава на инстаграм-стори го порача германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул по вчерашните средби во Скопје со премиерот Христијан Мицкоски и со шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, во рамките на својата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

„Тука во Скопје, перспективата за идно пристапување кон ЕУ е голема тема. Германија ја поддржува Северна Македонија на овој, не секогаш едноставен пат. Северна Македонија веќе постигна многу. Сега особено е важен напредокот во односите со Бугарија за да може да има натамошни успеси во пристапниот процес“,

порача германскиот министер во стори-објава на Инстаграм.За ова прашање, како што се додава во објавите на Инстаграм, Вадефул разговарал со својот македонски колега Тимчо Муцунски и со премиерот Христијан Мицкоски за време на вчерашните средби во Скопје.

Претходно вчера, Муцунски во објава на социјалните мрежи соопшти дека на средбата со германскиот министер за надворешни работи, меѓу другото, разговарале за евроинтегративниот пат на земјава, реформските процеси, како и поддршката на Германија за евроинтеграција на земјите од Западен Балкан.

По средбите на Вадефул со Мицкоски и Муцунски не беше предвидена прес-конференција или изјава за медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…