ВАЖНА ВЕСТ АКО ПЛАНИРАТЕ ПАТ ВО ГРЦИЈА! Во понеделник наутро штрајк на грчките цариници на граничните премини
Македонската полиција ги информира граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).
Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.
Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција бара работници – повеќе од 46.000…
Грција се соочува со сè поизразен недостиг…
Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во…
Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…
Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…
Катимерини: Криминалци со врски со ОВК и…
Зад планот за атентат врз еврејскиот грчки…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…