Важна вест за родителите на сите ученици: Деновите пред избори скратена настава, распуст од 17-ти јуни
Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, информираат од МОН.
Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.
-Наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни, велат од МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Апел за помош: Потребни се 30.000 евра…
Мила се бори со сколиоза 72 степени.…
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…