Важна вест за сите кои ќе летуваат во Грција: Еве каде ги има опасните виолетови медузи!
Во грчките води, во Егејското и Јонското море, има инвазија на виолетова медуза „Pelagia noctiluca“, а експертите го обвинуваат порастот на температурата на морето, како и претераниот риболов. Виолетовите медузи, во голем број се забележани во централното и северното Егејско Море, во Саронскиот Залив во близина на Атина, како и на неколку острови во Јонското Море.
Сепак, проблемот не е само грчки, бидејќи го зафаќа целото Средоземно Море – пишува „Keep Talking Greece“.
Грчката опсерваторија за биодиверзитет (Biodiversity Biodiversity) објави мапа на која се прикажани областите и плажите каде што се наоѓаат медузи. Картата постојано се ажурира, а корисниците можат да додадат во листата на плажи каде што виделе медузи.





Виолетовата медуза е еден од најопасните видови на Медитеранот поради силниот невротоксин што го има, а се пренесува со убоди.
Изгорениците на овие медузи се многу болни. Доколку имате контактот со нив, бидејќи се појавуваат во јата, може да покрие повеќе од половина од телото, а тогаш е неопходна хоспитализација. Тие ослободуваат невротоксини, па на кожата се појавуваат отоци, болни изгореници и осип, а оние со преосетливост може да имаат и срцеви проблеми, тахикардија, пад на притисокот, силни главоболки, дијареја, бронхоспазам, гушење и повраќање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…