Важна вест од Германската амбасада за сите Македонци кои сакаат да добијат виза за во Германија

t

Нова регистрација за термин. Ако сакате да поднесете виза во германската Амбасада во Скопје, потребен Ви е термин. Направивме промена на нашиот систем за доделување на термини. За подетални информации посетете ја нашата веб-страна.

Доколку сакате да поднесете барање за виза за работа (изземени се визите што се опфатени со Западен Балкан и за деташирани работници) како и за престој за студии, јазичен курс или научник/ истражувач, можете веднаш директно да резервирате термин преку нашиот портал за термини.

Нема веќе листа на чекање за оваа категорија. Редовно ќе се доделува одреден број на термини. Доколку сите термини се резервирани, Ве замолуваме да проверите подоцна дали има слободни термини.

Ве молиме да резервирате само термин според посакуваната цел на престој. Барања за друга категорија (на пр. според регулативата за Западен Балкан) нема да бидат прифатени.

Доколку не може да се појавите на резервираниот термин, Ве молиме сторнирајте го терминот колку што е можно порано.

Со регистрација во вистинската категорија и навремено сторнирање на термините го намалувате времето на чекање за сите подносители на барања за виза.

За да може да поднесете виза во категоријата приклучување кон семејството или регулативата за Западен Балкан, можете да се внесете во листата на чекање.

Термините во областа на приклучување кон семејството ќе бидат хронолошки доделени според датумот на внесувањето во листата на чекање за термин.

Ова промена нема влијание на досега постоечките регистрации. Ако веќе сте се регистрирале, тогаш ќе добиете термин по редослед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…