Важно за сите кои патуваат во Грција неделава: Најавени се блокади на патишта кон Македонија

t

Грчки земјоделци денеска соопштија дека ќе блокираат патишта низ земјата, а ова особено може да ги засегне возачите и патниците од Македонија и Бугарија, бидејќи се работи за земјоделски здруженија од северот на Грција.

Според грчките медиуми, земјоделците за в четврток ја најавија првата блокада во овој регион. Во моментов се очекуваат одлуките од земјоделците од Лариса и Јанина, а земјоделците од Пела веќе најавија дека ќе учествуваат на протестите.

„Излегуваме со тракторите на патиштата“, велат земјоделците по националниот состанок во Лариса.

Блокадите ќе се одвиваат во целиот регион. Земјоделците бараат даночни олеснувања и повторно преговарање за заедничката земјоделска политика, и режимот на субвенционирање на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…