Вака го личи градот: На скопските улици повторно се гледаат пешачките премини!

t

Екипите на ЈП Улици и патишта, коишто ја одржуваат хоризонталната сигнализација на сообраќајниците во градот, од почетокот на ноќното бележење (16.05.2022 година) досега обележаа 9.874 квадратни метри површина. Од вкупната површина 2.076 квадратни метри се обележани рачно, а 7.298 квадратни метри машински. Рачното бележење се одвиваше во централното градско подрачје и обновена е бојата на пешачките линии, такси постојки, автобуски постојки, местата на паркинг за лица со попреченост, стрелки за насокана движење и друго. Со машинското бележење се обновува бојата на линиите на коловозите во насока од општина Центар кон општина Ѓорче Петров.

Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и од Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…