Вака се прави држава! СПАК бара од Собранието да го одземе пратеничкиот имунитет на вицепремиерката Балуку, со цел нејзино апсење

t

Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), попладнево побара од албанскиот Парламент да и го одземе пратеничкиот имунитетот на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, за да се овозможи нејзино апсење.

На 31 октомври СПАК поднесе обвинение против Балуку, под сомнение за сторени прекршоци при доделувањето на тендери и корупција тешка со милиони евра.

Таа беше суспендирана од службените должности и ѝ беше забрането да ја напушти земјата, но одлуката на СПАК за нејзино суспендирање, по жалбата на владата, Уставниот суд, во петокот, ја стопираше до” темелна расправа на 26 јануари”, по што таа се врати на секојдневните обврски.

Според позитивните законски прописи, во Албанија, пратеник и доколку биде избран за член на владата пратеничкиот мандат не го губи.

На барањето на СПАК реагираше премиерот Еди Рама, кој на Платформата Икс напиша дека апсењата без судење станале „груба мода во Албанија“, но, додава, дека не може однапред да го процени дотичното барање.

„Но, секако, во предметниот случај, не можеме и нема да го прејудицираме барањето на специјалниот обвинител, но бидејќи за разлика од другите процеси, каде што ние по правило не зборуваме за содржината на случаите, овој пат од нас се бара да го дадеме нашето мислење. Ќе се ангажираме со сета наша одговорност пред Албанците кои ни дадоа 83 мандати и ќе се подготвиме да одржиме фер, јасен и достоен став, како водечка сила на земјата и на реформите во правосудството“, напиша тој.

Реагираше и опозицискиот лидер, Сали Бериша, кој во објава на социјалните мрежи, пишува дека премиерот “Рама прави сѐ што може да ја заштити, но народот ќе го каже своето на 22 декември” за кога опозицијата најави национален протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците фрлаат 17 килограми храна повеќе од…

Македонските домаќинства во просек фрлаат по 86…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…

Над 700 милијарди евра ќе се вртат…

Југоисточна Европа влегува во огромен инвестициски циклус…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Куновска: Филипче треба веднаш да се спакува…

Поранешната висока функционерка во СДСМ и екс-пратеничка,…