Вака се прави: Српската Влада донесе нова уредба за контрола на цените на основните прехранбени производи и горивата
Владата на Република Србија на денешната седница донесе изменета Уредба за ограничување на цената на основните прехранбени производи со цел натамошна заштита на пазарот, односно спречување на деформации во формирањето на цените на овие стоки, кои се од исклучително значење за снабдување на потрошувачите, особено посиромашните социјални категории.
Владата донесе изменета Уредба за ограничување на цената на храната – кристализиран шеќер во пакување од еден килограм, брашно тип Т-400 мазно, во пакување до пет килограми, вклучително пет килограми, брашно тип Т-500 во пакување до пет килограми, вклучително и пет килограми, сончогледово масло за јадење во пакување од еден литар, свинско – бут.
Регулативата ќе се применува за период од 60 дена од денот на влегувањето во сила.
Владата на Србија ја усвои изменетата Уредба за ограничување на цената на нафтените деривати со која просечната големопродажна цена на дериватите EURO DIESEL и EURO PREMIUM BMB 95 на територијата на Република Србија се зголемува за по седум динари.
Оваа уредба ќе важи од стапувањето во сила, на 29 април, до 31 мај годинава, се наведува во соопштението на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожари и натаму беснеат во пет општини…
Пожари и денеска се активни во пет…
Пополека ја губиме војната, има уште неколку…
Украина се чини дека полека ја губи…
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…