ВАКА функционира ДРЖАВА! Дипломатска офанзива на косовските амбасадори во земјите кои го повлекле признавањето на Косово!

t

Во последните денови косовските амбасадори ширум светот одржаа бројни средби со амбасадорите на земјите кои, како што пред неколку дена објави српскиот претседател Александар Вучиќ, го повлекоа признавањето на независноста на Косово.


Шефот на пратеничката група „Самоопределување“, Мимоза Кусари Љиља, изминативе денови на Твитер ја информираше јавноста за средбите на косовските амбасадори со амбасадорите на земјите кои во последниот бран го повлекоа признавањето на Косово.

Таа изјави дека билатералните односи со земјите кои ја признале независноста на Косово се постојани.

„Уште едно непризнавање не успеа. Гвинеја-Бисао ги потврди добрите односи со Република Косово! Благодарам на амбасадорот Иљбер Круези за неговата работа и претставувањето на Косово на најдобар начин“, беше последниот од серијата твитови што ги објави Кусари Љиља.

Таа нагласи дека Малдивите, Есватини, Габон и Либија исто така потврдиле дека остануваат посветени на признавањето на независноста на Косово.

„Нашата независност и нашите билатерални односи со земјите кои го признаа Косово се трајни. Следната потврда доаѓа од Есватини и нашиот амбасадор во Лондон“, рече Кусари Љиља.

„Убаво е да се видат нашите дипломати кои активно се на должност ги разоткриваат последователните лаги што ги шири Србија“, напиша таа во твит за средбата меѓу амбасадорот на Косово во Канада и амбасадорот на Габон.

Таа во еден од своите твитови посочи и дека српскиот претседател Александар Вучиќ „треба да му се извини на својот народ за лагите што ги кажал“.

„Уште едно демантирање на големата лага за повлекување на признавањето на Косово, сега и од Либија. Александар Вучиќ треба да му се извини на својот народ за лагата и никогаш да не се вклучи во овој апсурден и примитивен процес! Косово е независна, суверена држава и така ќе остане засекогаш“, рече таа.е Кусари Љиља.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…

Косово прогласи српска министерка за персона нон…

Министерката за државна управа и локална самоуправа…