Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово на кошаркарскиот натпревар: Полицијата ги бркаше навивачите
Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030 помина со низа инциденти во салата. Навивачите на Куманово беа избркани од салата поради навредите на национална основа кон гостите од Чаир. Прекинот на мечот траече 40 минути, а за тоа време, полицијата ги бркаше најжестоките фанови на домаќините.
Од Чаир се огласија со соопштение:
„Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 вчера го одигра својот следен натпревар во рамките на Првата лига на Република Македонија против домаќинот, КК Куманово. Натпреварот се одвиваше во исклучително тензична атмосфера, при што за жал се слушнаа навреди и омаловажувања на етничка основа, што е апсолутно неприфатливо во која било сфера, а особено во спортот. Како резултат на навредите и пцовките на етничка основа, делегатот нареди веднаш празнење на салата. Покрај недостигот на соодветна организација од страна на домаќинот – вклучително и технички проблеми со семафорот и осветлувањето – ситуацијата ескалираше надвор од паркетот. По завршувањето на натпреварот, навивачи на домашниот тим се обидоа да го вандализираат автобусот на нашиот клуб, оставајќи и натписи со националистичка и навредлива содржина. КК Чаир 2030 најостро го осудува ова срамно и антидржавно однесување. Спортот треба да биде место на почит, здраво ривалство и обединување, а не омраза и вандализам. Апелираме до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и да го истражат овој инцидент, за ваквите појави да не се повторат во нашите спортски арени“, реагира Чаир 2030.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…
Меџити: Чаир е само шеста општина во…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…
Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…