Ване Цветанов се избугари…

t

Контроверзниот политичар Ване Цветанов повторно актуелен во Македонската јавност. Откако во центар беше неговиот љубовен живот и врската со манекенката Дунавка Трифуновска сега во фокус се неговите пробугарски ставови откако на својот Фејсбук објави статус кој ги запали социјалните мрежи.

Во статусот тој објаснува дека целта на македонизмот била Македонците и Бугарите да се мразат меѓу себе што е можбо повеќе и дека сите македонски херои и револуционери биле бугари, а јаготката на шлагот е ставот на Цветанов дека Македонците се Бугари.

Ване Цветанов беше разрешен од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Освен незадоволство од неговата работа, за разрешувањето влијаел и скандалот со неговата сопруга Дунавка, која ја ангажирал волонтерски да му помага, бидејќи само во нејзе имал доверба.

На чело на оваа институција беше поставен од екс-премиерот Заев во 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Екс директорот на Управата за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов беше осуден на три години затвор за случајот „Шпион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…