Ванковска за „шерифот“ од Арачиново: Човек страв да го фати каде живееме

t

Професорката Билјана Ванковска го коментира случајот со жител на Арачиново и неговото дивеење во Аеродром. Таа констатира дека треба на човек да му е страв каде живееме.

Го читам описот на делото сторено од некој шериф од Арачиново и се чудам. Еве што пишува Јавното обвинителство:

„Во моментот кога оштетените му забележале за опасноста што ја предизвикува, тој завртел со возилото и со голема брзина се упатил кон нив со намера да ги прегази. Тие се тргнале, па осомничениот излегол од автомобилот со нож во раката и на двајцата им нанел по четири убодни рани предизвикувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Во тој момент се собрала поголема група граѓани кои почнале да викаат и да му се спротивставиле на осомничениот, со што го спречиле да го доврши кривичното дело, па тој се вратил во своето возило и веднаш го напуштил местото“.

Значи, насилников сам со нож, успеал да зададе 4 убодни рани на двајца минувачи, но не успеал да ја доврши работата зошто се собрале луѓе. Но, никој не успеал да го спречи да си замине од местото на злосторот. Човек страв да го фати каде живееме! – напиша професорката на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ