Ванковска: Најисмевани и најпонижени се тие што со две раце си го вадат лебот, херои се корумпирани и неспособни ликови!

t

Професорката Билјана Ванковска вели дека најпонижен слој во Македонија се токму работниците, тие што со две раце си го вадат лебот, за сметка на корумпираните и некадарни ликови кои од општеството се прогласени за херои.

-Дури ни Први мај не можеш да го одбележиш како треба кога работничката класа е во одумирање, заменета со прекаријат, или колонизирана (од домашни и странски корпорации). Нам ни треба борба за еманципација и ослободување од секаков вид експлоатација, а не прослава. Оние кои работат и со две раце си го вадат лебот се најпонижениот и најисмеваниот слој луѓе. Херои се корумпирани ликови на сите скалила на општествената хиерархија, кои притоа се и некадарни, неуки, неспособни. – пишува Ванковска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…

Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Овој мај најтопол во последните неколку години

Мај бил потопол и посув месец во…