Ванковска од Демир Хисар: Белите мугри се раѓаат на исток

t

Денес претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, оствари средба со жителите во Демир Хисар. На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 5 од Левица, генералниот секретар Јована Мојсоска.

,,Исчезнуваме во бермудскиот триаголник на трите договори, охридскиот, бугарскиот и преспанскиот. Да излеземе од него и да станеме вистинска држава. Да си ги вратиме името и народниот суверенитет. Јас имам визија за Македонија како независна држава и алка во мултиполарниот свет во кој што белите мугри се раѓаат на исток” – истакна Билјана Ванковска.

Носитителот на листа во ИЕ5, Јована Мојсоска на средбата истакна дека проф. Ванковска е единствен кандидат кој не нуди безалтернативност, туку нуди визија за Македонија како рамноправна членка во новиот мултиполарен свет. Мојсоска дополна дека единствено кандидатот на Левица не молчи пред великоалбанските и великобугарските изблици и дека за прв пат, Македонецот на овие избори има алтернатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…

Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…