Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори
Има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата (сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл.).
Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.
Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.
It’s all about geopolitics, stupid!
Преспа и Бугарскиот договор не се само национални/идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.
Фејсбук статус на професорката Билјана Ванковска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Иран постигнаа договор – цените…
Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…
Се бројат часови до потпишување на првичниот…
САД и Иран се согласија за рамка…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
13 милиони денари ќе чини одржување на…
Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…
За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…
ОВАА ЖЕНА ЖИВЕЕ НА НЕКОЈА СВОЈА ПЛАНЕТА“:…
Професорката Билјана Ванковска со реакција на средбите…