Ванковска: Со месеци зборувавме за деескалација, не’ обвинуваа(т) дека сме фаќале страна на лошите момци! Сега се случува токму она од што се плашевме, ужасни времиња пред нас!

t

Професорката Билјана Ванковска со драматично предупредување дека тоа што го зборуваше со месеци сега почнува да се реализира:

„Со месеци зборувавме за деескалација, за преговори, за мирни начини за решавање на воениот судир… ние од малото малцинство пацифисти.

Не’ обвинуваа(т) дека сме биле провоено настроени, сме фаќале страна на лошите момци, а дека добрите треба да дотураат оружје и да бараат воена победа.

Сега се случува токму она од што се плашевме. Секој ден повеќе мртви, деструкција и глобална војна која ќе доведе до тотален колапс на човечката цивилизација. Веќе не важат ни обичајните норми на хуманитарното воено право, сега веќе се’ е можно и “дозволено”.

Да го цитирам Бертранд Расел, во војна не се гледа кој е во право а кој во криво , туку кој ќе умре а кој ќе преживее. Но што ако преживеаните им завидуваат на мртвите?

Ужасни времиња пред нас! Полоши од најлошите кошмари.“, пишува Ванковска на фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јорданов прогласи кризна состојба во делови од…

Жителите на повеќе населби во Штип ќе…

Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…

Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Кривична пријава за силување на дете помладо…

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…