Ванковска: Технички секретар во АЕК со завршено средно образование има за 11.000 повисока плата од редовен професор на УКИМ
На огласот за работна позиција технички секретар во АЕК, на која може да се аплицира и со завршено средно образование, платата е 47.000 денари. Ова е за 11.000 ден. повисока плата од таа на редовен професор на УКИМ, пишува професорката Билјана Ванковска на Фејсбук.
Утрово видов и оглас за 26 работни места во ЦУК, кај Стојанче. Без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата. Куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир. А нашите студенти се утепаа од учење за кризен менаџмент, за цивилна одбрана и заштита, за ЦУК и тн.
И на сето ова додаваш вести за зголемување даноци и инфлација до небо, со највисоки цени на лебот, и си велиш: отишло се’ по ѓаволите, а уште ни есен не дошла (деца на школо, огрев, и сл.).
Но, затоа тие се дебелат – БУКВАЛНО!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…