Ванковска: Толку е сето ова нереално што мислам дека живеам во „Денот на дабарот“ – одново и одново и одново…

t

Професорката Билјана Ванковска се солидаризираше со студентите и им изрази поддршка за најавениот протест.

Како и пред 8 години, целосна поддршка за протестот на студентите. Како и пред 8 години, целосна поддршка за отпорот на професорите во поглед на обидите универзитетот да се централизира, моќта да се концентрира во ректорот (кој и онака го плаќаме суво злато со додатоци кои се 3-4 пати повисоки од нашите просечни плати), и во врхушката околу него (составена од декани, кои ќе се продадат за уште некоја година мандат).

Последниов потег на власта е по нешто различен од претходните: се удира по најсиромашните студенти, им се скратуваат и оние елементарни субвениции што ги имаа околу оброците, стипендиите, превозот и сл. Но, не можам да премолчам и нешто друго: тукушто се донесе одлука (за која не бевме ни прашани) за зголемување на школарината за докторските студии од досегашните (фантастични) 5000 евра на 5200 евра. Како што кажуваат колеги професори, за тоа време Бугарија носи одлука да ги ослободи од школарина сите постдипломци и докторанти од Македонија! И да, УКИМ подигнува цени на школување среде најдлабока социјална и општествена криза додека другите универзитети стануваат многу подостапни со пониската школарина. И сега човек се прашува: дали тоа ние (УКИМ), додека се фалиме дека сме најдобри во „селото“, сакаме да им даваме дипломи на најбогатите или на најдобрите? Вистина е дека нашите плати се многу поскромни од тие на другите универзитети (вклучително и Тетовскиот и Мајка Тереза), но некому му е удобно и не се грижи за тоа. И сега ни фрлаат песок в очи, намерно обидувајќи да ја свртат острицата на критиката, со вадење џокер од џебот – фамозниот импакт фактор и Шангајската листа! Она што сега треба да го сториме кога ни фрлаат ракавица в лице е да се солидаризираме со студентите, но и меѓу себе а против сите обиди за комерцијализација и политизација на високото образование.

Толку е сето ова нереално што мислам дека живеам во Трумановото шоу или во Денот на дабарот. Одново и одново и одново…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…