Вардар ги повика скопските општини да купат по 1.000 сезонски билети!
Вардар испрати отворен повик до скопските општини и им предложи конкретен начин како да му помогнат на клубот во овој тежок период.
Навивачката група на Вардар, Комити кои го преземаа водењето на клубот, бараат начини како да дојдат до буџет за достоинствено да се игра во следната сезона откако тимот се врати во Првата лига.
Овојпат од Вардар јавно ги повикаа скопските општини да купат по 1.000 билети кои чинат по 1.000 денари и така да му помогнат на клубот.
„Во името на клубот упатуваме јавен повик до сите Општини кои пред нешто повеќе од еден месец, се приклучија на заедничката борба за ФК Вардар.
Време е за првата заедничка акција. Па така, откако народот и помалите фирми ентузијастички се приклучија на продажбата на членските карти, дојде моментот да преминеме на наредната фаза.
Предлогот до Општините е следен: Бараме да се приклучите на акцијата „За Вардар навиваме од нозе мали“, со тоа што ќе откупите минимален број од 1000 членски карти и истите ќе ќе ги поделите на најмладите ученици во секоја општина, бидејќи покрај првичната цел, обезбедување финансиска стабилност на клубот, акцијата ја правиме и со цел доближување на спортот и спортските вредности на најмладите категории.
Покрај тоа, нашиот предлог е дел од членските карти да бидат доделени на најранливите категории, кои поради влошената финансиска ситуација, не се во можност да си ги купат. ФК Вардар е клуб на народот, на сите нас, и наша заедничка цел е овој принцип да биде запазен.
Веруваме дека ќе ја поддржите акцијата, и дека ќе се согласите со наведениот предлог. Доколку било која од Општините посака директна средба по ова прашање ние како партнери во клубот ви стоиме на располагање 24/7 во неделата“, стои во соопштението на Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската вакцина против рак даде резултати, кај…
Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…
Расте бројот на загинати во верижниот судир…
Бројот на загинати во тешките верижни судири…
Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…
Бугарија презема нови чекори за модернизација на…
Стотици луѓе на улиците во Атина поради…
Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…