Вардар добива големо засилување: Попзлатанов се враќа кај ,,црвено – црните”
Она што го најавивме, сега можеме и да го потврдиме. ФК Вардар добива големо засилување за новата сезона во името на Јован Попзлатанов.
Попзлатанов веќе еднаш настапуваше за Вардар. Дресот на македонскиот тим го носеше од 2018 до 2021 година. Низ историјата, крилото беше дел и од летонски РФС, како и Пелистер и Тетекс.
Дека Вардар добива големо засилување говорат и податоците за изминатава сезона. Попзлатанов оваа сезона одигра 31 натпревар за Македонија ЃП во ПМФЛ и забележа девет асистенции, со уште четири гола. Беше дел и од екипата која го освои Купот на Македонија.
Наскоро очекуваме официјална потврда и од ФК Вардар.
Извор: Вардар Фанс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа создава историја без Трамп –…
Со овации по секоја искажана реченица кажани…
Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…
Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…
Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…
Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…
Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…
Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…