Вардар е главен во Скопје, падна Работнички
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар триумфира во скопското дерби против Работнички со 2-0 во 22. коло од Првата лига.
Вардар беше поконкретен во нападот, а првата сериозна шанса за гол ја имаше во 35. минута, кога Азер Омерагиќ не реализираше пенал. Сепак, една минута подоцна Едис Спахиу успеа да искористи грешка на одбраната на Работнички и да погоди за 1-0.
Борбата продолжи и во второто полувреме, каде што Вардар во завршницата имаше неколку добри шанси, а една од нив во првата минута од судиското надополнување ја искористи Роџерс Мато за конечни 2-0.
Вардар со оваа победа скокна до деветтата позиција во Првата лига и има 20 бодови, додека Работнички е четвртопласиран со 41 поен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…