Вардар е шампион на Македонија
Струга ТЛ – Вардар 0:1 е исходот од дербито на 32.коло, исход со кој и официјално најтрофејниот е ШАМПИОН за сезоната 2025/26. На Вардар му требаше бод, но Вардар ја победи Струга ТЛ и ги разреши сите дилеми околу тоа кој ќе ја освои титулата. Ова значи дека мечот с Шкендија во последното коло ќе биде ревијален.
Ова за нашиот најтрофеен клуб е 12-та титула, прва по таа 2019/20 сезона. Сега веќе и дефинитивно Вардар ќе ја претставува Македонија во квалификациите во Лигата на Шампионите.
Инаку мечот започна со брзо водство на гостите и тоа уште во 5.минута со голот на Цветковиќ, откако домашната одбрана направи несфатлив кикс. Секако дека напаѓачот на гостите успеа да ја искористи својата шанса. Во 14.минута Николов се закани, но сега Ангелети одбрани. Следуваше заканата и на Омерагиќ, но за малку непрецизно, а и Најдовски со атракција имаше шанса за зголемување на водствоти. Струга ТЛ можеше да израмни преку Малески во 41.минута, но сепак на пауза се замина со тие 0:1 за Вардар.
Во продолжение од средбата, барем до таа 60.минута буквално ништо не се случуваше на теренот. Вардар и натаму ја контролираше играта, знаеше што сака, по секоја цена да остане непоразен односно да го задржи водството. Додека Струга ТЛ немоќна да дојде до израмнување.
Во 62.минута гостите можеа да го удвојат водството, Матиќ беше во супер шанса, но сепак не успеа да се запише во листата на стрелците.
Малески повторно покажа колку може да биде опасен, кога во 69.минута од чиста ситуација успеа да шутира, но голманот Талески со супер интервенција успеа да го спаси својот гол, па така Вардар и натаму имаше водство од 0:1.
А во 71.минута Малески одново имаше зицер, но и сега Талески го одбрани ударот на напаѓачот на Струга ТЛ. Пет минути Малески повторно се закани, и во оваа ситуација Вардар имаше среќа. Во 90+2.минута повторно Малески во шанса, но нема и нема гол.
На крај Струга ТЛ – Вардар 0:1 и славје за гостите од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вардар е шампион на Македонија
Струга ТЛ – Вардар 0:1 е исходот…
Кривична за маж од гостиварско за демнење…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Уапсен е началникот на полицијата во Белград
Во продолжение на кампањата за расветлување на…
АД ЕСМ -Нашите инжењери повикани во ОЈО…
АД ЕСМ најостро и во целост ги…
Кога го завеав знамето најсилно ја почувствував…
Теона Ана Георгиевска, ученичка во IV година…