Вардар и Пелистер за титулата ќе решаваат во – Битола!

t

Денеска одржаната ждрепка за плејоф-фазата од ракометното првенство се очекуваше првенствено за тоа кога и каде ќе се одигра дербито помеѓу најголемите фаворити за титула, Вардар и Пелистер, односно кој ќе има опција реваншот да го игра пред своите гледачи.

Среќата делумно беше на страна на битолчани, кои во петтото коло ќе им гостуваат на црвено-црните, за во 12. коло да му бидат домаќини на најголемиот ривал. Ова на хартија можеби е некаква предност, но искуствата од минатите сезона, особено од минатата, покажува дека ваквата ждрепка може и да не биде клучна за тоа кој од овие два тима ќе се радува на крајот.

Првите четири тима од плејофот ќе обезбедат учесто во Европски куп. Последните два тима од Плеј аут испаѓаат од Лигата, додека шестопласирниот ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот од Прва лига. Во плејоф по три бода пренесуваат Вардар и Е. Пелистер, по два бода пренесуваат Алкалоид и Т. Пролет, по еден бод екипите на Бутел Скопје и Е. Пелистер 2, а без бодови почнуваат Охрид и ГРК Тиквеш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…