Вардар на сериозен тест, гостува кај силниот бундеслигаш Мелсунген

t

Македонскиот ракометен гигант Вардар вечерва гостува кај германскиот бундеслигаш Мелсунген во второто коло од новата сезона во Лигата на Европа на ЕХФ.

Вардарци имаа убедлив триумф во првото коло против исландски Валур со 33-26, но сега ги чека пеколно гостување кај Мелсунген чиј тренер е Роберто Гарсија Парондо, кој во минатото работеше и во скопскиот гигнат.

Мелсунген на стартот на натпреварувањето веднаш го покажа својот квалитет и го „уништи“ Порто со 29-24, па така најави дека ќе биде голем залак за македонскиот тим.

Бундеслигашот пред вечерашниот меч се наоѓа во победничка форма, односно запиша четири победи по ред, но и „црвено-црните“ имаат голема самодоверба затоа што запишаа седум триумфи по ред во сите натпреварувања.

Парондо има убави спомени од Скопје затоа што стана европски шампион со Вардар, но нема да му „попушти“ на неговиот поранешен клуб.

Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар се игра од 18.45 часот во Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардар на сериозен тест, гостува кај силниот…

Македонскиот ракометен гигант Вардар вечерва гостува кај…

Давкова: Руралните жени се хероини на кои…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод Меѓународниот…

Малолетнички се испотепале во Аеродром, ќе следува…

Во СВР Скопје било пријавено дека на…

Украинската армија изврши рации во ресторани, барови…

Припадници на украинската армија влегуваат во ресторани,…

„Мерцедес“ излета од патот Ресен-Битола, возачот со…

На 14.10.2024 во 14.00 часот во Полициската…