Вардар на сериозен тест, гостува кај силниот бундеслигаш Мелсунген
Македонскиот ракометен гигант Вардар вечерва гостува кај германскиот бундеслигаш Мелсунген во второто коло од новата сезона во Лигата на Европа на ЕХФ.
Вардарци имаа убедлив триумф во првото коло против исландски Валур со 33-26, но сега ги чека пеколно гостување кај Мелсунген чиј тренер е Роберто Гарсија Парондо, кој во минатото работеше и во скопскиот гигнат.
Мелсунген на стартот на натпреварувањето веднаш го покажа својот квалитет и го „уништи“ Порто со 29-24, па така најави дека ќе биде голем залак за македонскиот тим.
Бундеслигашот пред вечерашниот меч се наоѓа во победничка форма, односно запиша четири победи по ред, но и „црвено-црните“ имаат голема самодоверба затоа што запишаа седум триумфи по ред во сите натпреварувања.
Парондо има убави спомени од Скопје затоа што стана европски шампион со Вардар, но нема да му „попушти“ на неговиот поранешен клуб.
Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар се игра од 18.45 часот во Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…
Голем пожар зафати автоотпад во Тетово, се…
Голем пожар избувна денеска на автоотпад во…
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…