Вардар не се шегува: Го потпиша и Кебел Сусо за уште посилен тим!
Раководството на ФК Вардар прави големи работи, па така во еден ден промовираше две интернационални засилувања кои треба да го подигнат квалитетот на екипата. Нов играч на Вардар е Кеба Кебел Сусо, офанзивец, кој може добро да одговори како најистурен напаѓач или како крилен фудбалер.
Кеба Кебел Сусо е нов играч на ФК Вардар. 26 годишниот напаѓач од Гамбија ни доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.
Инаку, Кеба Кебел Сусо вчера одигра 10-сетина минути против ФК Саса и постигна два гола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…
Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…