Вардар, Пелистер, Гостивар и Воска победија и ја оправдаа фаворитската улога

t

Во рамките на Втората македонска фудбалска лига попладнево се одиграа сите осум натпревари од осмата рунда. Фаворитите одиграа според планот, запишаа планирани бодови и победи против своите ривали.

Вардар врза одлична серија со пет последователни победи, откако со гол во второто полувреме на стадионот „Железарница“ во Скопје ја совлада Беса 1976 (1-0). „Црвено-црните“ беа подобар ривал, имаа изгледни шанси и во првиот дел, а и Гачевски мораше да реагира во неколку наврати. Сепак, резултатот го отвори Бенјамин Демир кој со глава стрела по корнер од левата напаѓачка страна. До крајот вардарци мудро го затворија дуелот, па иако Беса се обиде, не успеа да се врати во игра.

Со оваа победа, Вардар останува лидер. Вреди да се напомене дека црвено-црните немаат примено ниту еден единствен погодок на домашен терен сезонава.

ВТОРА ЛИГА 8. КОЛО:

ВАРДАР – БЕСА 1-0

ПЕЛИСТЕР – СЛОГА ВИНИЦА 3-0

БЕЛАСИЦА – ВОСКА 1-3

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 0-7

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БОРЕЦ 1-0

АРСИМИ – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 0-0

КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА 3-2

ОХРИД – КАРАОРМАН 1-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина од шрапнели од дрон…

Еден човек загина, а двајца се повредени…

„Им благодарам на нашите војници:“ Зеленски објави…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави…

Ние испорачуваме и го правиме тоа што…

Дуа Липа и Рита Ора ги поддржаа…

Популарните пејачки Дуа Липа и Рита Ора…