Вардар се засили со репрезентативец на Уганда

t

Интернационалецот од Уганда, Касим Роџерс Мато е најново засилување за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Мато доаѓа од тимот на Брера каде го помина есенскиот дел од сезоната, настапи на 20 натпревари, сите како стартер и постигна три гола. На теренот помина вкупно 1.579 минути и беше еден од најзначајните играчи на струмичкиот тим. Игра на позицијата десно крило, а е стандарден репрезентативец на Уганда за која забележа 26 настап.

Мато е десетто засилување за Вардар во јануарскиот преоден рок по Пинтер, Јанкулов, Маневски, Цикарски, Тодоровски, Спахиу, Талески, Талевски и Матиќ. Екипата во моментов се наоѓа на подготовки во Анталија каде Мато се приклучи и треба да биде во комбинација за претстојните пријателски натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…