Вардар ја доби битката во Струмица, трофејот од Супер купот се врати во Скопје!
По голема и неизвесна борба во салата „Парк“ во Струмица, Вардар го победи Пелистер со 30-26 и го освои трофејот од Супер купот на Македонија по четврти пат.
Во денешниот меч кој е увертира за новата ракометна сезона, Пелистер влезе како бранител на суперкуп трофејот, но битолчани беа немоќни пред разиграниот Вардар кој покажа дека ќе биде конкурентен за највисоките позиции во новата сезона.
Мечот во Струмица беше исклучително изедначен, ниту еден тим не успеа да се одлепи и да направи предност поголема од два разлика. Во првиот дел Пелистер неколкупати ја имаше таа предност од два гола, но по нивно водство од 8-6 Вардар направи серија од 3-0 и го сврте резултатот. Се играше гол за гол, на одморот се замина со нерешени 13-13.
Вториот дел почна со гол на Пелистер за водство, но Вардар брзо го сврте резултатот и постојано водеше со гол разлика, битолскиот тим изедначуваше. Во финишот од мечот црвено-црните успеаа да се одлепат и на крајот да слават дури и убедливо со 30-26.
Најефикасен во тимот на Вардар беше Срдановиќ со осум гола, Петриќ постигна седум, Томовски мечот го заврши со седум одбрани. Во составот на Пелистер Радивојевиќ постигна седум погодоци, Кисум имаше шест, Пешевски пет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Иран откри нов подземен „град на…
Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…
Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…
Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…
Француски експерти бараат построги правила за вештачката…
Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…