Вартоломеј разочаран од рускиот патријарх: Требаше да го осуди насилството на Путин
Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина.
Рускиот патријарх Кирил ја поддржа акцијата во Москва и неговата позиција се прошири низ Православната Црква.
Светскиот совет на црквите побара од патријархот Кирил да „интервенира и посредува“ за запирање на војната, објави „Ројтерс“.
Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, Ватроломеи рече дека очекува Кирил да се спротивстави на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина и да поднесе оставка, доколку е потребно.
„ Не е невозможно сите цркви да не го осудуваат насилството, војната. Руската црква нѐ разочара. Не сакав Руската црква и братот патријарх Кирил да бидат овој трагичен исклучок. Не знам како може да се оправда пред својата совест“, рече Вартоломеј.
Тој додаде дека очекува Кирил да застане во клучниот, историски момент и ако треба да ја жртвува својата позиција, па да му каже на Путин
„Господине претседателе, не се согласувам со вас, поднесувам оставка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј го пофали изборот на…
Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Папата Лав XIV…
Во заедничка декларација потпишана во Патријаршискиот комплекс…
Рускиот патријарх Кирил: Вештачката интелигенција е поопасна…
Државата треба строго да го контролира развојот…
Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј со честитка до…
Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј испрати честитка до…
Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување…
Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите…