Вархеји во Брисел ќе се сретне со Бугарите од Македонија
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји оваа недела во Брисел ќе се сретне со претставници на македонските Бугари на нивно барање, поради, како што објави БГНЕС, „институционалната омраза и систематска дискриминација против нив во Македонија“.
Средбата со Вархеји ќе се одржи една недела по претепувањето во Охрид на Христијан Пендиков, кој сега е на лекување во Софија.
Во писмото до Вархеји македонските Бугари се жалат дека во Македонија од страна на локалните и централната власт нема желба за дијалог со нив.
„Секојдневната стигматизација на нашата бугарска заедница и неможноста за воспоставување дијалог со локалните и централната власт создаваат предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас, граѓаните на РСМ кои не се плашиме, и покрај ризикот од дискриминација и јазикот на омраза , товорено да опстојуваме на нашето македонско-бугарско наследство и идентитет“, пишува меѓу другото во писмото.
Инаку, во делегацијата на македонските Бугари ќе бидат Петар Колев, Ѓорѓи Трендафилов и Љупчо Георгиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…