Вархеји ни открива: Сите пречки во ЕУ се надминати за Македонија!

t

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија и Албанија може да се одржи во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, ЕУ треба да напредува, изјави Вархеји.

Тој истакна дека ЕУ е решена да го внесе целиот регион во ЕУ и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во сите механизми за ублажување на кризите, вклучително и за безбедност на храна и за набавка на гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Тешка сообраќајна несреќа: Повреден 22-годишник од Арачиново

22-годишник од скопско Арачиново е тешко повреден…

Од денеска поскапа регистрација на возилата

Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради…

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…