Вархеји: Србија мора да ја постави надворешната политика на линија со ЕУ, потребни се санкции кон Русија
„ЕУ е за Србија најважниот политички и економски партнер и сакаме Србија да ги исполни своите предизвици вклучително и во областа на енергетската безбедност. Истовреме мораме да сметаме на Србија како искрен партнер и сојузник на Европа, кој стои со нас и со нашите заеднички вредности, безбедност и просперитет. Во рамките на актуелниот геополитички контекст исто така е јасно дека Србија мора да ги постави на иста линија со ЕУ своите позиции во надворешната политика што подразбира декларации и санкции против Русија“, рече Вархеји во делот за напредокот на Србија.
Го препознаваме прогресот на Србија во одредени области, но мора да сметаме на неа како на искрен партнер на ЕУ и сојузник и земјата мора да постави на иста линија со ЕУ своите позиции во надворешната политика, што подразбира декларации и санкции против Русија, исткна еврокомесрарот за проширување, Оливер Вархеји при презентацијата за напредокот на Србија кон членство ЕУ.
Вархеи посочи дека Белград продолжува со реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ, додавајќи дека од земјатра се очекуваат поенергични напори околу слободата на изразување и имплењмнетацијата на кацискиот план во делкот на медиумите.
„Србија продоложува со реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ вклучително и во областите на валдеење на правото. По спроведениот референдум во јануари за уставна реформа Србија сега работи на нејзина имплементација. Од особено значење е Србија да усвои легислатива согласно уставните измени во предвидените рокови. Исто така го препознаваме прогресот во борбата против корупцијата, но очекуваме поенергични напори кога стнува збор за слободата на изразување и особено имплеметнацијата на планот во делот медиумите . ЕУ е за Србија најважниот политички и економнски партнер и сакаме Србија да ги исполни своите предизвици вклучително и во областа на енергетската безбедност. Истовреме мораме да сметаме на Србија како искрен партнер и сојузник на Европа, кој стои со нас и со нашите заеднички вредности, безбедност и просперитет. Во рамките на актуелниот геополитички контекст исто така е јасно дека Србија мора да ги постави на иста линија со ЕУ своите позиции во надворешната политика што подразбира декларации и санкции против Русија“,
рече Вархеји во делот за напредокот на Србија.
Кога станува збор за Црна Гора, пак, Вархеји рече дека таа треба да ги исполни критериумите од поглавјата 24 и 25 за прашањата за кои тоа досега не е направено. Во таа насока, тој ги наведе слободата на изразување и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. На Црна Гора, според презентацијата на Вархеји, ѝ е потребна и функционална јавна администрација која е од клучна важност за да може да се спроведат реформите. Позитивно, се оценува во извештајот, е што земјата се усогласува со заедничката надворешно-безбедносна политика.
Во однос на Албанија, еврокомесарот за проширување истакна дека станува збор за уште една земја (покрај С Македонија) која годинава започна преговори за членство во ЕУ.
„Албанија напорави добар прогрес. Реформите во правосудството и ветинг процесот кој продолжува да напредува со стабилно темпо се пример за добар прогрес. Земјата покажа посветеност на зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Албанија покажа целосна услогласденост со Заедничка надворешна и безбедносна полилитика на ЕУ“,
рече Вархеји.
Тој додаде дека кај Албанија се потребни натамношни напори во клучните области како владеење на правотот, вклучувајќи ја реформата во правосудството, слободата на изразување и борбата против корупцијата, како и во обласите за имотните права, малциските прашања и слободата на медиумите.
Еврокомесарот во презентацијата на извештајот за Косово потренцираше дека земјата покажала политичка стабилност во текот на годината и властите продолжуваат да ја демонстрираат својата посветеност кон европскиот пат. Тој истакна дека ЕУ ги препознава напарите на Косово за зајакнување на демократијата и владеењето на правото и интензивираната борба против корупцијата
Во презентацијата на извештајот за Босна и Херцеговина, Вархеји наведе дека Европската Комисија (ЕК) препорачува да ѝ се додели статус на земја-кандидат, но за тоа има услови односно одредени чекори кои мора да ги направи. Меѓу нив тој ги наведе уставните реформи, носењето за закони поврзани со правосудството и закон за спречување на судир на интереси, да се покаже напредок во управување на границите и да се воспостави функционален систем за азил, како и да се зајакне слободата на медиумите итн. Вархеји во обраќањето пред Комитетот, рече дека Европската комисија очекува дека по изборите во Босна и Херцеговина групи ќе се формираат институциите и ќе почнат да работат на спроведување на реформите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…