Василевска до Ковачевски: Бидете малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ве советуваат

t

„Новоименуваниот премиер Ковачевски во недостаток на политичка култура, искуство веројатно, а и лош тим на советници, прави избрзани чекори со давање на паушални и комплетно несоодветни изјави во еден сериозен историски моментум во кој што се наоѓа Република Македонија. Како човек да го третира односот на еден премиер на држава кој воопшто не се ни одважил да се натпреварува во изборен процес, ниту некој го познавал сериозно претходно, но таа е нели една тема која што граѓаните ќе си ја размислуваат понатаму кога ќе одлучуваат кому ќе му го дадат својот глас“, истакна Иванка Василевска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.

Василевска додаде дека она што е суштински е дека институционално Ковачевски де факто е претседател на Владата и како таков очигледно многу неспремно влегува во целата проблематика околу националните интереси на државата и во решавање на спорот со Бугарија.

„Јас лично многу сум загрижена бидејќи мислам дека веќе толку голема штета е направена на државата, на унитарноста, на интегритетот, и на суверенитетот на Македонија, што со ова само продлабочено и дополнително се создава јасниот впечаток дека навистина оваа хибридна власт нема никаков сериозен капацитет за било какви стратешки политики, а камо ли за оние регуларни политики кои што ги очекуваме како граѓани, а гледаме дека не се случуваат. Од таа причина би упатила една порака до него да биде малку повнимателен не само во изборот на зборовите, туку и во изборот на оние што ќе го советуваат, а секако науката и академијата има доволно достапни еминентни имиња кои што се кредибилни и можат да ги понудат своите услуги, да и помогнат на Македонија и во такви случаи кога гледаме дека капацитетот на Социјалдемократскиот сојуз е минимален или воопшто го нема“, нагласи Василевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…