Василевска: Скандирaњeто „УЧК“ се милитантна порака што предизвикува револт

t

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, во емисијата „Топ Тема“ оцени дека протестите се легитимен демократски механизам, но предупреди дека политичките пораки и националистичките скандирања можат дополнително да ги зголемат меѓуетничките тензии.

Таа посочи дека уште од младоста учествувала на мирни протести и ја разбира потребата различни групи да го искажат своето незадоволство, доколку тоа се прави на цивилизиран начин.

„Од 16 години учествувам на мирни протести за плурализација на младото македонско демократско општество и ја разбирам потребата различни групи да го изразат своето задоволство или незадоволство, ако е на мирен начин“, изјави Василевска.

Според неа, дебатата што се отвори во јавноста создала поделби и дополнителни тензии, но потсети дека суштината на Охридскиот рамковен договор била градење мултикултурно општество со еднакви можности за сите граѓани.

„Идејата на Охридскиот рамковен договор беше да се создаде опција во која сите граѓани ќе се чувствуваат во мултикултурно општество сплотени и ќе станат еднакви пред Уставот во вистинска смисла на зборот“, рече таа.

Василевска нагласи дека нејзина „црвена линија“ е вмешување на други држави во чувствителни внатрешни прашања, оценувајќи дека тоа може да предизвика дополнителни провокации и да ги наруши меѓудржавните односи. Таа се осврна и на скандирањата „УЧК“ за време на протестите, оценувајќи дека тие носат јасна политичка и милитантна порака.

„Тоа скандирање ‘УЧК, УЧК’ има своја политичка порака, и тоа е милитантна порака – односно ако не сакате со мило, ќе се оди со сила. Таа порака е наменета да предизвика револт во другите табори“, истакна Василевска.

Според неа, ваквата реторика не придонесува за изнаоѓање решение за спорните прашања, ниту за смирување на тензиите во општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…