Василев: Јас не сум слушнал дека Бугарија се подготвува да го крене ветото за Македонија
Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за БТВ изјави дека не слушнал дека неговата земја се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Василев беше дециден дека бугарскиот премиер Кирил Петков на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц беше сосема јасен дека додека не се исполнат сите услови од бугарскиот парламент и додека Националното собрание не одлучи дека овие услови се исполнети, нема начин Бугарија да го укине ветото.
Василев рече дека постојано се водат разговори за Македонија. Тој коментира дека во Европа се зборува дека не станува проблем меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу ЕУ и Македонија.
Кога ЕУ ќе ја сфати бугарската позиција и тоа ќе стане европски предлог до Македонија, тогаш веќе би можеле да започнат вистински разговори. Сето тоа мора да го оцени бугарскиот парламент, беше категоричен бугарскиот вицепремиер Асен Василев.
„Продолжуваме со промената” нема да бара гласање за доверба од бугарското народно собрание. Тој рече дека покани до министрите во заминување на „Има таков народ” да останат во владата на премиерот Кирил Петков не биле упатени, но тој лично добро соработувал со двајца од нив за спорт и енергетиката Радостин Василев и Александар Николов.
„Има таков народ” мора да одлучи, според Василев, кому сака да биде лојален – на политиката на борба против корупцијата или на лидер кој е отцепен од реалноста.
Василев рече и дека владејачката партија во Бугарија „Продолжуваме со промената” не се плаши од нови предвремени парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…
Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…
Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…
„Европски избори“: Во Бугарија пријавени 193 изборни…
До 11 часот денеска, во структурите на…