Објавено на:

Васил Стерјовски разговарал со европратеникот Алфонси за проблемите на Македонците во Албанијa

t

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, информира дека во Брисел остварил средба со европратеникот Франсоа Алфонси, кој е „клучна фигура во застапувањето за правата на малцинствата и ценет копретседавач на Интергрупата за малцинствата во Европскиот парламент“.

Нашиот разговор се фокусираше на моменталната состојба на македонското малцинство во Албанија. Имав чест да го запознам со посебниот извештај подготвен од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, за неодамнешниот попис во Албанија, спроведен во октомври 2023 година и мешањето на Бугарија за време на пописот. Средбата е значаен чекор кон градење на меѓусебно разбирање, напиша Стерјовски во објава на „Фејсбук“.

Тој додава дека разговарале и за различните патишта за соработка и поддршка, фокусирајќи се на унапредувањето на правата на малцинствата и застапеноста во Европа.

Стерјовски, кој ја предводи партиската делегација, се сретнал и со европратеничката Ана Миранда.

Имав честа да се сретнам со европратеничката Ана Миранда. Таа е исклучителен застапник за правата на малцинствата во Европскиот парламент и нејзината поддршка и посветеност кон оваа кауза е навистина инспиративна, посочува Стерјовски.

Тој вчера имаше обраќање на Генералното собрание на Европската слободна алијанса, ЕФА, во Брисел, каде МАЕИ едногласно беше примена за полноправна членка.

Претходно делегацијата оствари средба со претставници на Советот на Европа и советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во Стразбург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…

Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…

Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…