Васоски е нов тренер на Вардар, Хаџиевски ќе биде спортски директор
Вардар потврди дека Александар Васоски е нов тренер на првиот тим, а во таборот на црвено-црните се враќа и Ѓоко Хаџиевски кој ќе ја има улогата на спортски директор.
Рано во сезоната во Вардар се случи промена, на местото од Александар Баевски и Бобан Грнчаров, во тимот пристигнаа Ѓоко Хаџиевски и Александар Васоски.
„Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.
Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим“, потврдија од Вардар.
Дебито на Васоски ќе се случи веќе утре (среда) кога Вардар во Маџари на стадионот „Борис Трајковски“ го пречекува Силекс со почеток од 16:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…
Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…
Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…
На социјалните мрежи се појави целосната снимка…
Пронајдени наркотични материи и вага во возило…
Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…