ВАТИКАН МУ ПОСАКА ГОЛЕМА МУДРОСТ НА ТРАМП – Според Библијата, таа е главната доблест на владетелот
Ватикан му честиташе на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и му посака „голема мудрост“ додека се подготвува да се врати во Белата куќа.
– Му посакуваме голема мудрост бидејќи, според Библијата, тоа е главната доблест на владетелот. Верувам дека тој пред сѐ мора да работи на тоа за да биде претседател на целата земја и на тој начин да се надмине поларизацијата што многу јасно се чувствува во овој момент – изјави државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, на маргините на еден настан во Рим.
Коментарите на кардиналот се првите јавни изјави на официјален претставник на Ватикан за победата на Трамп.
Папата Франциск, поглавар на Католичката црква, претходно, од март 2013 година, ја критикуваше политиката на Трамп.
Папата во септември рече дека планот на Трамп да ја запре илегалната имиграција и да депортира милиони имигранти, кои веќе се во САД, е „спротивен на животот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…