Вашингтон до Приштина: Итно!

t

Соединетите Американски Држави се приклучуваат на Европската Унија барајќи од косовските власти да ги почитуваат своите обврски без одлагање, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, соопшти американската амбасада во Приштина.

„Ова значи итно продолжување на процесот за пререгистрација на возилата и суспендирање на какви било казнени мерки против сопствениците на регистарските таблички на КМ се додека проблемот со регистарските таблички не се реши во дијалог“, посочуваат од амбасадата.

Додаваат дека тоа значи и итен почеток на преговорите за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

„Собранието на Косово го ратификуваше Бриселскиот договор, а Уставниот суд на Косово донесе одлука за формирање на Заедницата, со што нејзиното формирање е законска обврска за Косово. Континуираното неисполнување на оваа обврска на Косово го нарушува владеењето на правото и му штети на угледот и кредибилитетот на Косово“, посочуваат од американската амбасада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…